Почнува новата ера. Leapmotor почнува да се произведува во Европа!

99

Кинескиот електричен автомобил Leapmotor B10, започнува да се поизведува во фабриката на Стелантис Групацијата во Сарагоса, Шпанија, што од друга страна претставува сериозен чекор во новата ера и напливот на кинески автомобили на нашиот континент.

Моделот B10 е целосно електричен, SUV модел, кој е избран да оди во Сарагоса, поради своие карактеристики, но и можноста да се вклопи во производните капацитети на фабриката во Шпанија.

А влегува во фабриката на Групацијата Стелантис, затоа што Стелантис поседува 20% од сопственоста во Leаpmotor, а е и ексклузивен партнер на Кинеската компанија за развој во Европа и други пазари.

Во посочената фабрика, веќе се произведуваат моделите Peugeot 208, Opel Corsa и Lancia Ypsilon.

SUV моделот B10, веќе е позициониран во Шпанија по цена од 23.900 евра, и нема дилеми дека овој потег сериозно ќе придонесе во развој на брендот во Европа.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама