Oвој директор заработил 403 милиони долари во 2025 година!

749

Сеуште не успеавме да се соземеме од шокот околу масивните исплати, бонуси и акции кои трите менаџери на General Motors, Ford и Stellantis, ги заработиле во минатата година, додека нивните куќи создавале нето загуба или отпишувале милијарди долари поради лошо планирање, веќе го добивме новото фрапантно сознание.

За 2025 година, од своето менаџирање не заработиле најмногу Мери Бара (GM), Џим Фарли (Ford) ниту Филоса (Stellantis).

Шампион во ова друштво е РЏ Скериџ, основачот и генерален директор на компанијата Rivian.

Во минатата година овој Американски бренд продал 42,247 електрични возила, а директорот добил вкупна вредност од 403 милиони долари!

Ако оваа вредност ја споредиме со онаа што ја доби Мери Бара (29,9 милиони долари), Фарли (27,5 милиони долари) Филоса (6,37 милиони долари), излегува дека нивната заработка и не била толку чудна и нелогична.

Целата вредност која ја заработил Скериџ, не се состои од кеш исплати. На име на плата, тој искеширал 1,2 милиони долари, а остатокот му бил доделен во акции и награди кои произлегуваат од акциите.

И да, како и за останатите менаџери за кои пишувавме во претходните статии (линк) и Скериџ ја добива компензацијата во година во која Rivian е во генерално лоша кондиција.

Во 2025 година, компанијата за прв пат во својата младат историја покажува бруто профит (главно како резултат на кратење на трошоците) и со вредност на акциите кои се далеку под вредноста на која беа проценети во 2021 година.

Реклама