Убиствено темпо во Кина. Четири нови модели дневно!

656

Последните анализи покажуваат дека во Кина, само во првата половина на 2026 година биле исфрлени 650 нови или унапредени (освежени) возила.

Што пак, значи, дека секој ден во 2026 година се исфрлале по четири нови автомобили.

За споредба, во САД се предвидува до 2030 година да бидат лансирани вкупно 159 нови модели.

Ова убиствено темпо, ја прави Кина вистински лидер во автоиндустријата, особено кај новите енергетски возила (електрични возила, плаг ин хибриди, хибриди…).

Ваквата состојба на пазарот во Кина, не е само целосно луда, туку и брутална – изјавуваат од BYD.

Силниот прогрес на Кинеската автоиндустрија ја следат и менаџерите од другите континенти. Европа е веќе сериозно зафатена од бранот на Кинески возила, додека САД сеуште успева, со забрани, царини и дозволи, да оддолее на притисокот на Кинеските автогиганти.

Но, како и што самиот извршен претседател на Форд, Бил Форд, изјавува – оваа состојба и заштитеност не можат вечно да траат. Американските компании мора да се прилагодат и да одговорат на Кинескиот предизвик со истото оружје.

Реклама