Поголемиот број на производители на електрични автомобили, на своите возила им додаваат имитација на звукот (бучавоста) на конвенционалниот V8 мотор.
Причината за ова е најчесто незадоволството на возачите од тивкиот електричен мотор и потребата за емоционално поврзување на возачот со својата машина.
Оваа задача, производителите како Porsche, BMW, Hyundai се обидуваат да ја решат со имитација на звуците на моторот, кои потоа се емитираат преку звучниците на аудио системот во возилото.
Но… Bentley има поинаква идеја.
Во Bentley, наместо да се репродуцира звукот на моторот, и со тоа, на некаков начин да се “мами” возачот дека е во возило со бензински мотор, тие за својот прв електричен автомобил Bentley Torcal SUV, подговија цел албум, наречен “Bentley Dynamic Symphony,” составена од звуци направени од тапани, виола и бас гитара, кои треба да предизвикаат емоционален одговор од возачот, дури и подобар од оној што се добива при комуникацијатана увото со моторот.

Практично, експертите утврдиле дека емотивниот одговор на возачот не доаѓа од звукот од издувниот лонец предизвикан од моторите со внатрешно согорување, туку од темпото и ритамот на звукот… а тоа треба да се постигне со динамичните звуци на тапаните.
А тоа, секако, треба нивното взило да го направи инвентивно, уникатно и дополнително луксузно.
Како ќе го прифати сето тоа јавноста и возачите, останува да видиме.












