Италијански Фиат, на саемот за автомобили во Париз, на денот пред официјалното почнување на саемската манифестација, одржа прес конференција и го претсави својот нов концепт, под името Мultiplay.

А Мултиплеј, треба да ги спои практичноста, функционалноста иизгледот на еден SUV, MPV и пикап со должина од 4,4 метри.
Нема сомневање дека и името на моделот се повикува на моделот на брендот од 1998 година, Multipla, кој и оригинално го носеше концептот за три седишта во три реда.
Во фокусот и суштината на концептот се крие подвижниот C – столб, наречен метаморфози, со кој се лизга задниот модул и со кој возилото од семеен MPV (мултифункционално возило) со капацитет од 6+1 седиште, може да се трансформира во пикап со четири седишта и богат простор за товарање во задниот пикап простор.

Притоа моделот е предвиден да не се натпреварува со други постоечки конкуренти, туку да креира еден сосема нов сегмент на повеќефункционални и трансформирачки возила.

Во Мултиплеј, дури е предвидено и едно седиште за доашно милениче.
Иако моделот е концепт, менаџментот на Фиат не ја исклучува можноста до крајот на декадата да го лансира моделот и во сериско производство.

Погледнете ја последната Епизода на Темпо Магазин :













