Новата “тврдина” на Rezvani

21

Брендот на специјални возила Rezvani, ги објави информациите и првите фотографии од својата нова “тврдина” или Fortress.

Направена е на база на Ford F-150 Raptor и е крстена како тактички оф-роад камионет, на кој, покрај другото можете да вградите и оклопна заштита.

Заштита како опционал ќе биде понудена за цена од $85,000 и ќе вклучува заштитни (оклопни) панели на телото на возилото, стакла со заштита од куршуми, заштита на подвозјето против експлозивен удар и засилен резервоар за гориво.

Дополнителни, во целата приказна се и оклопните ран-флет воени гуми.

Возилото се нуди во две верзии на моторот – со twin-turbo 3.5-литарски V6 мотор и супер полнет 5.2-литарски V8.

Првиот испорачува моќ од 450 коњски сили (336 kW), додека посилниот има моќ од 850 кс (634 kW) и вртежен момент од (880 Nm).

Реклама