Југо се враќа и во кабрио верзија?

546

Eдна година откако беше воскреснато името на легендарното екс југословенско Југо, интернетот го возбудија и нови AI рендери на популарниот мини автомобил во кабрио верзија.

Се разбира, мислењето и коментарите беа дијаметрално спротивни.

Едни, особено оние кои со носталгија се сеќаваат на малиот двовратен градски автомобил, се возбудени, а оние, другите, сметаат дека “најлошиот автомобил на светот” не заслужува повторно да кружи по градските булевари.

Според најавите на маркетинг професорот д-р Александар Бјелиќ и српскиот дизајнер Дарко Мачета кои го откупија правото за користење на регистрираната марка, новиот хечбек со старо име треба да се појави во следната, 2027 година… но тешко е да се очекува дека тоа ќе се случи како што е најавено, бидејќи не можеме да видиме конкретни потези кои би внеле доверба во проектот.

Како на пример, кој и каде би го произведувал, како би се организирала продажно сервисната мрежа и слично.

Како и да е, 2027 година е веќе зад аголот, па останува да видиме дали се реални најавите и очекувањата, особено на поранешните Југословенски простори.

Реклама