Kина ги редуцира големите екрани во возилата

72

Минатиот Февруари, во Пекинг, откако се утврди дека автоматските рачки на вратите се опасни, затоа што во случај на пожар, патниците но и луѓето однадвор кои се обидуваат да помогнат, не можат да ги отворат, истите беа ексресно забранети.

По оваа мерка, секое новопроектирано возило произведено во Кина, не смееше да вградува рачки кои се вовлекуваат во каросеријата на автомобилот.

Сега се чини дека на ред дојдоа и големите екрани чувствителни на допир, што е малку збунувачки, ако се земе предвид дека токму во Кина се направи најсериозен подем на оваа технологија.

При тоа, екраните нема да бидат забранети по дифолт, туку истите треба да поминат контрола и добијат одобрување од Министерството за Индустрија и информатичка технологија на Кина.

Причината за оваа мерка се крие во фактот дека екстремно големите екрани, бројните апликации, па и големите хед-ап-дисплеи може сериозно да го дефокусираат патникот и да му го одземат вниманието од патот.

Дополнително, се бара од производителите да задржат и дел од основните функции во возилото да бидат контролирани преку физички контроли и прекинувачи (не преку екранот) кој повторно сериозно влијае на деконцентрирање на возачот и е потенцијална опасност на патот.

Да бидеме искрени, се согласуваме со овие новини. Со новите технологии, возачите започнаа да ги бираат своите автомобили според големината на екранот, инфотејнмент содржините, можноста да се поврзат со паметните телефони, а се повеќе се запоставуваат другите елементи како што се моторот, безбедноста, перформансите… и дополнително статистичките показатели покажуваат сериозен пораст на сообраќајни незгоди предизвикани од деконцентрација или дезориентираност на возачите.

Засега овие промени се однесуваат за возилата наменети за пазарот во Кина, но нема да не зачуди ако истите мерки се применат и за возилата наменети за експорт и пред се за Европа, каде дел од забелешките стануваат и дел од Еуро Енкап, мерењето на безбедноста на возилата и патниците.

Реклама