Луѓето од Чешката компанија Шкода, направија тест на своето најново електрично возило Peaq и се чини дека и самите останаа збунети од постигнатите резултати.
Во тестот направен под супервизија на TÜV SÜD, за да се обезбеди независност, на патеката од Млада Болеслав во Чешка до Зандворт, Холандија, новиот Peaq со полна батерија помина 936 километри!

Овој резултат прво е светски рекорд постигнат за електричен SUV седмосед со постигната просечна потрошувачка од 9.2 kWh/100 km, а второ, постигнатиот домет сериозно отстапува од фабрички декларираниот (според WLTP циклусот) кој изнесува 647 километри.
Ова значи дека Чесите не само што не излажале во изнесените параметри, туку тие успеале и да ги надминат за 289 километри, или 45% повеќе!
Ова е само уште еден параметар кој секако ќе и донесе на Шкода дополнителни порачки и продажба, кои се ионака веќе на високи 10.000 порачани примероци, со испораки кои допрва треба да започнат да е реализираат.













