Iveco со нов газда!

211
Фото - Iveco

Tata Motors и Iveco Group најавија спојување, со кое треба да се создаде една од најмоќните корпорации за товарни возила на светот.

За таа цел, менаџментот на Iveco, им препорача на акционерите да го прифатат откупот на акциите од страна на Tata Motors што ќе биде направено во готовина.

Од зделката е изземен само одделот кој произведува воена опрема, и тој ќе ги опфаќа само одделите кои произведуваат камиони и автобуси за комерцијални цели.

Со откупот на акциите, вкупната вредност на зделката ќе биде околу 3,8 милијарди евра.

Со неа Tata Motors ќе добие подобар пристап до европскиот и светски пазар на комерцијални возила.

Инаку, Индиската компанија Tata Motors веќе е сопственик на брендот Jaguar Land Rover (JLR).

Реклама