Специјална едиција на Корола, во чест на шест декади постоење

205

Во чест на 60 години постоење и продадени 57 милиони примероци досега, Тојота подготвува специјална едиција на својот најпродаван хечбек модел.

Градскиот компакт кој за прв пат беше лансиран во 1966 година, и прерасна во најпродаваниот автомобил на светот на сите времиња ќе може да се набави во својата 60th Anniversary edition, или специјална едиција во чест на 60 годишнината на Корола, како хечбек и каравански автомобил.

Специјалната едиција ќе може да се препознае по специјалната Бореал сина боја, комбинирана со црн кров и црни столбови.

Достапни че бидат и платинумска бела перла боја и пепелно сива, а секако на неа ќе бидат поставени и специјалните логоа 60 годишнина.

За погонот се иксористени хибридни мотори, 1.8 литарски со моќност од 140 коњски сили и дво литарски мотор со моќност од 180 коњски сили.

Цените на специјалната едиција во Германија, почнуваат од 36.990 евра.

Реклама