Maserati не се продава, но…

1127

Италијанскиот супер луксузен бренд на автомобили Maserati го живее најтешкиот период во својот живот, со ужасни продажни бројки поради кои многу експерти сметаа дека Групацијата Стелантис ќе го продаде брендот.

На својата последна презентација на планот, визијата и инвестициите на Стелантис, Антонио Филоса, не можеше да го скрие фактот дека во планот Maserati има речиси “неважна” улога.

Но, тој повтори уште еднаш дека Групацијата не планира да го продаде брендот.

Но… како што дополни, во моментов компанијата преговара со две компании кои треба да бидат партнери во проектот наречен Maserati кои треба да помогнат во зајакнување на технолошките иновации на брендот и лансирањето на нови модели.

Инаку, според плановите на Стелантис, Maserati, треба да лансира два сосема нови модели до 2030 година.

Едниот од нив треба да биде голем SUV, најверојатно, наследник на Levante, a деталите околу вториот модел сеуште остануваат мистерија.

Иако не се откриваат имињата на потенцијалните партнери кои треба да го свртат “замаецот” во Масерати, се шпекулира со имињата Huaway и JAC.

Реклама