Mercedes го запрел производството на CLA L во Кина

121

Според последните, сеуште непотврдени информации, Германскиот бренд Mercedes-Benz кој заедно со Кинескиот производител BAIC Motor, го запрел поизводството на специјално креираниот електричен модел CLA L во Кина.

Како причина се наведуваат катастрофалните продажни бројки на овој автомобил во Народната Република.

Според расположивите податоци, од наведениот модел во првата половина од 2026 година биле продадени само 627 примероци. А во месец Јуни, не бил продаден ниту еден примерок од продолжената верзија на новата електрична CLA Класа, специјално направена за да одговори на потребите на Кинеските возачи.

Kaко резултат на ова продажно фијаско, компанијата решила да запре со производство на овој автомобил.

Реклама