Corsa и Mokka Yes, подготвени за “Ноќта на вештерки”

13

Двата бестселери на Германскиот бренд Opel, малата Corsa и малиот кросовер SUV, Mokka, добија нови портокалови бои со кои се подготвија за Ноќта на Вештерките (Halloween).

Новата металик портокалова боја со која се обоени новите модели со суфикс YES, го носи името Koral Orange, а дополнително имаат и карбонски црн покрив и 16 инчни алуминиумски тркала ( за Corsa) и 17 инчни тркала за Mokka.

Koмбинацијата на портокаловата и црна боја се пресликани и во ентериерот, со портокалови елементи околу инструмент таблата, до портокалови и бели везови на седиштата и вратите.

Според последните информации Corsa YES почнува со цена од €24,790 додека Mokka YES е достапна по цена од €30,340.

Погледнете ја последната Епизода на Темпо Магазин :

Реклама