Додека Европските бирократи се закануваат и прават планови како да ја заштитат својата носечка автоиндустрија од напливот на Кинески автомобили, според последниот официјален податок, третина од сите хибридни возила регистрирани во Европа се со Кинеско потекло.

Практично, токму со плаг ин хибридите, Кинеските производители на возила ја заобиколија одлуката на европските власти да воведат високи царински стапки на електричните возила.
Според статистичките показатели Кинеските производители на возила остварија пазарен уддел од 34 проценти на испорачани PHEV возила во Европа. Водечки брендови во оваа инвазија секако се BYD, Chery, и Geely но не се за занемарување и Кинеските производители со европски капитал – Polestar и Leapmotor.
На оваа состојба европската тромава администрација подготвува одговор преку воведување на повисоки царински стапки за плаг-ин хибридите, но тоа ќе се случи откако ќе се ложат сите членки на Унијата, што може да е поспоро од очекуваното.














