Ова Ferrari чини 1 милион евра!

157

Првиот електричен супер автомобил од Маранело, Ferrari Luce, сеуште ја бранува јавноста со својот во најмала рака, контроверзен дизај, невообичаен за автомобилите со разиграното коњче на предната хауба.

Стандардната цена на Luce почнува од околу 561.000 евра.

Но овој специфичен модел, кој ова лето ќе оди на аукција има почетна цена од 1 милион евра, а според информациите парите ќе одат во едукативни цели преку Фондацијата на Ферари.

Причината за тоа е веројатно фактот што се работи за првиот сериски модел Luce со шасиски број 0, карактеристичен и по својата бела боја, Madreperla која се прелева од бела, во зелена и виолетова боја, зависно од аголот под кој паѓаат сончевите зраци.

Тоа ја прави уникатна и затоа и цената е поставена на речиси двојно повисока линија од стандардниот модел.

И ентериерот е обоен во бела боја.

Реклама