Месец Јуни, 2026 година, ќе остане запаметен во историјата на Германската автоиндустрија како прв месец во кој електричните возила на батерии според продажните бројки се најдоа на прво место!
Минатиот месец беа продадени 84,057 примероци на струја, што претставува 28.4 проценти од пазарот и за прв пат се најдоа пред хибридните возила.
Оваа бројка претставува раст во споредба со минатогодишниот Јуни од 78.2 проценти.
На второто место, за влакно под електричните, се најдоа хибридите возила со 83,315 примероци, со маркет шер од 28,1%.
Овие бројки се сериозно повисоки од бензинските автомобили кои со 60,796 продадени примероци освоија 20.5% од пазарот, дизелите земаа само 11,4 проценти од пазарот, а плаг ин хибридите со 32,212 продадени примероци имаат пазарен уддел од 10.9%.

Најпопуларен електричен модел во Јуни беше Tesla Model Y со импресивни 6,023 примероци, по што следуваат VW ID.3 со 3,514 регистрации, Skoda Enyaq со 3,383 и Skoda Elroq со 3,315.














