Минатиот петок, Американскиот Претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги зголеми царините за сите автомобили произведени во Европската Унија од 15 на 25%.
Рокот помина, но очигледно е дека Трамп – се предомисли.
Во пост на социјалните мрежи, Трамп објави дека имал “одличен телефонски повик” со Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисија, и дека својата одлука за зголемување на царините ја одложува до 4ти Јули.
А ако до 250-тиот роденден на Соединетите Американски Држави, ЕУ не ги исполни своите ветувања, царините автоматски ќе бидат зголемени.
Покрај класичните политички флоскули, нема многу детали околу разговорот помеѓу двата лидери и кои се конкретните ветувања кои фон дер Лајен му ги дала на Трамп за да го промени неговото мислење.







