Порше ја плаќа сметката за електрификацијата

1393

Порше е еден од европските производители на автомобили, кој најсериозно и најагресивно влезе во електрификација на своите модели.

Оваа лоша проценка го чинеше брендот стотици милиони евра, кој по катастрофалните резултати во 2025 година влезе во сериозно реорганизирање.

Дел од оваа реорганизација, неодамна беше и продажбата на сопствените уддели во фирмите Bugatti и Rimac.

A зад параванот на потребата да се направи фокус на основниот (core) бизнис, сега Порше реши да се ослободи од околу 500 работници, главно во подизведувачките фирми за електрика.

Настрадаа компаниите Cellforce Group (компанија за изработка на високоволтажни батериски технологии, главно за спортските автомобили), Cetitec (инжинеринг и технолошки развој) и Porsche eBike Performance, компанијата која произведуваше електронски велосипеди.

Реклама