Скенирај и провери дали е маслото на LIQUI MOLY оригинално!

37

Германската компанија, производител на врвните моторни масла и адитиви, LIQUI MOLY, објави дека започнува сериозна борба против можното фалсификување на нивните продукти.

Затоа, на капачето од секоја канта (канистер) од моторните масла на LIQUI MOLY се вметнати посебни и уникатни QR кодови, кои од овој Мај имаат оптимизирана форма, се со зелена рамка и не можат да бидат копирани од страна на фалсификаторите.

Секој код, нуди можност, соодветниот произод да биде проверен и да му се утврди потеклото, врз база на уникатниот сериски број.

Со скенирање на овој код, клиентите веднаш може да се уверат дека производот е оригинален, а се добиваат и дополнителни информации за производот и начинот на употреба.

Доколку при скенирањето се утврди било каква неконзистентност, кодот ве префрла во посебна апликација, на која треба да го скенирате уште еднаш и да добиете инфоирмација дали е продуктот оригинален или фалсификуван.

Откако ќе се утврди дека производот е фалсификуван, се отвара контакт форма, преку која клиентите може да го пријават неоригиналниот производ, што понатаму ќе предизвика правни чекори од страна на LIQUI MOLY.

Како што изјави маркетинг директорот на LIQUI MOLY, “-Kвалитетот на моторните масла на LIQUI MOLY ги прави цел која е популарна на бројни фалсификатори во светот. Фалсификуваните производи може да предизвикаат финансиски последици, да ја поткопаат довербата на нашите клиенти, а во некои случаи може да водат и до сериозни моторни оштетувања, некаде дури и до последици и ризик по здравјето на клиентите.”

Последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама