Оваа вест, секако нема да им се допадне на криминалците, особено на оние кои во своите кражби користат брзи возила за бегство од полициските припадници.

Имено, BMW изработи специјални супер брзи BMW M5 Touring возила кои ќе ги понуди на Германската полиција.
Во проектот кој засега е изведен само во еден показен примерок учествувале високи шефови од секторот на BMW за изработка на возила за специјална намена.

Возилото е опремено со 4,4 литарски V8 мотор со плаг-ин хибриден систем, кој овозможува да се развие моќност од 717 коњски сили со вртежен момент од 1.000 Nm!
Не постои објективна причина, зошто Германската полиција не би набавила определена колични од овие Баварски крузери, ако се земе предвид фактот дека и онака има BMW 5-ки во својата флота.

Доколку проектот помине, допрва треба да се изработи проект за полициско опремување на овие автомобили со системи за контрола и надгледување, но тоа, секако се финеси од кои нема да ги боли главата полициските власти во Германија.














