Во Mercedes признаваат дека “ја претерале” со екраните

27

Генералниот директор на Mercedes-Benz, неодамна на патформата Reddit, во одговор на прашањата од фановите, призна дека во еден момент Мерцедес веројатно претера со екраните чувствителни на допир.

Тој појасни дека компанијата влегла во автомобилскиот тренд, според кој модерните автомобили користеле се повеќе технологија и инфотејнмент екрани, со цел даго подобрат корисничкото искуство на возачите и патниците.

Покрај трендот, големите екрани и инфотејнментот, даваат можност поради својата дигитална форма, да се внесуваат и нови содржини во возилата, благодарение на “over-the-air” апдејтите кои системот ги прави континуирано.

Но се согласува дека во иднина и тие, како и голем број на други луксузни брендови, ќе работат на враќањето на некои физички копчиња и прекинувачи.

Погледни ја последната, десета, епизода на Темпо Магазин :

Реклама