Ineos Granadier оди во армиските редови

32

За оние кои не знаат, Ineos Granadier е специјален проект на робусен SUV кој го произведува нафтената компанија INEOS на мултимилијардерот сир Џон Ратклиф.

Британскиот богаташ, кој и е најмногу познат на европската и светска јавност како еден од малцинските сопственици на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (29% од акциите), и секако мултимилионската нафтена компанија INEOS, го креирал проектот ineos Granadier во моментите кога Land Rover реши да престане со поизводство на својот класичен оф роадер – Freelander.

Ратклиф решил да креира автомобил кој ќе ја продолжи традицијата на Freelander, и во Англискиот паб The Grenadier, вo 2016 година, ja нацртал првaта скица на возилото кое решил да го произведува во Хамбах, Франција, во која порано се произведувале автомобилите Smart.

Фокус на Grenadier очигледно се армиските трупи.

Според последните информации, веќе е порачана поголема количина на возила од Италијанската армија, а првите примероци треба да започнат да се испорачуваат на почетокот на 2027 година.

Овие робусни теренци веќе до крајот на годината, треба да се појават и во редовите на Австриската војска и службите на внатрешната безбедност.

Во тек се и сериозни тендерски постапки во кои ова возило би требало да стане дел и од армиската опрема во Британската војска и во уште неколку други НАТО земји.

Granadier веќе се користи во Германија, Франција и Шпанија како полициско возило, возило користено од граничните и спасувачки екипи, па се’ укажува на тоа дека Ineos Granadier има потенцијал да биде успешна приказна од авто индустријата.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама