Во првата година во која Opel ќе си ги измери силите во Formula E (2026-2027), компанијата објави дека започнува стратешко партнерство со Sparco кој ќе го снабдува тимот Opel GSE Formula E, со специјална облека за возење.
Оваа соработка претставува продолжување на она што двете компании го правеа во рели тркањето во кое Opel долго настапува.
Возачите на Opel тимот ќе ги носат заштитните одела, ракавици, огноотпорна долна облека и тркачките патики на Sparco.
Новата сезона на Formula E почнува на 18ти Декември во Саудиска Арабија.













