Вработените на Audi, се собраа со своите модели од C-серијата и направија фамилијарна фотографија со својот миленик на тркала.
Во изминатите години Audi произведе околу 10 милиони автомобили од т.н. C-серија, која во моментов е актуелна во Европа со најновиот модел Audi A6 Avant, а од јули треба да почне да се продава и седан варијантата.

Инаку, приказната со C-сегментот на луксузни автомобили почнува со Audi 100 од 1968 година. Audi 100 го освои Златниот Волан пет пати, а беше прогласен и како Автомобил на годината двапати, и еднаш како Автомобил на годината во светот.

Вкупно се продадени 3.2 милиони единици Audi 100, кој од 1994 година започнува да го носи името Audi A6. И вкупната бројка на продадени возила во оваа C-серија на Ауди, од 1968 година, изнесува – 9,836,762 возила.

















