Cadillac се враќа во Европа

90

Луксузниот бренд на Американскиот гигант – General Motors, полека се враќа на Европскиот континент… иако можеби и никогаш, официјално, не го напушти тлото на стариот континент.

Станува збор за брендот Cadillac, кој официјално го започна својот рестарт минатата есен во Германија.

Во 2024 година, беше отворен првиот “City Experience Center” во Франкфурт, а сега веќе има три локации во Германија наречени “Cadillac City” во Франкфурт, Хамбург и Берлин.

Отворени се и седум дилерски локации, во кои може да се најдат моделите – Lyriq и Vistiq, како и 16 сервисни центри во кои може да се ервисираат електричните возила на Cadillac.

Cadillac Lyric – Фото Cadillac

Aвтомобилите на Cadillac, кои може да се најдат на европскиот пазар имаат прилично солена цена – Lyriq почнува од 81,000 евра, а Vistiq од 99,640 евра.

Реклама