Роботите влегоа и во Volvo!

251

Хуманоидниот робот AEON влезе во фабриката на Volvo во Гент, и како пилот проект најавува дека компанијата ќе почне да ги користи во секојдневното производство.

Овој проект во фабриката во Белгија, Volvo го работи во соработка со Hexagon Robotics, и се очекува официјално да стартува на почетокот на следната, 2027 година.

Роботите во фабриката ќе работат паралелно со луѓето, а согласно нивниот софтвер, тие ќе ја учат работата преку набљудување и следење. Ќе ги гледаат работниците како работат и ќе ги имитираат нивните потези, а покрај производната линија, ќе работат и на покомплицирани проекти и фази од производството.

Инаку, роботот е висок 1,65 метри и тежи 60 килограми.

Роботите се ориентираат во просторот и ги извршуваат работите, со помош на низа на камери и сензори.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама