Расте продажбата на новиот Mercedes-Benz Actros

123

Расте популарноста, а со тоа и продажбата на новиот Mercedes-Benz Actros L ProCabin во Европа.

Конкретно, само во Полска, логистичката компанија Kawczyński Logistics порачала 75 нови Mercedes-Benz Actros L ProCabin, со што нивната флота на влекачи се зголемила на 295 возила.

Новите Аctros L ProCabin 1848 LS, се специјално конструирани за долги релации и за влечење на приколки со товар.

Ова возило е опремено со системот Active Brake Assist 6 кој овозможува тотално сопирање при брзина од 60 km/h, во случај на опасно движење на возила кои го минуваат патот, се разминуваат или се движат во истата насока.

Како резултат на новата аеродинамична кабина, се намалува триењето во возењето, а со тоа и потрошувачката на гориво за оклу 3%.

Реклама