Alfa Romeo објави книга за култната – Stradale 33

252

Луксузно, отмено и во блескав стил, како што впрочем му прилега на еден италијански автомобилски бренд челниците на Alfa Romeo на езерото Комо во дводневниот настан FuoriConcorso 2025, ја претставија својата нова книга – Alfa Romeo 33 Stradale.

Книгата, која се очекува да биде вреден колекционерски примерок е посветена на генезата и историјата  на сосема новиот супер спортски автомобил Alfa Romeo Stradale 33, кој започна да се произведува во минатата 2024 година, а ќе престане да се произведува кога ќе стигне до својот 33-ти примерок.

Новата книга, на посетителите им ја претстави Кристиано Фиорио, директорот на комуникации на Алфа Ромео. Погледнете во видеото што кажа на настанот г-динот Фиорио.

На евентот FuoriConcorso  крај езерото Комо, што се одржува од 2019 година, и на кој се прославува автомобилската култура, честопати се одржуваат и разни, престижни настани, промоции и изложби на автомобили.

Оваа, 2025 година, темата на која главно се организираа настаните беше – Velocissimo – Italian Race Cars,  што особено ги привлече фановите на италијанските спортски автомобили.

А во таа сфера, Алфа Ромео има многу адути… Па затоа, брендот ја изнајми вилата Sucotta, која ја трансформираше во “Casa Alfa Romeo,”, и во која на посетителите им прикажа околу 15 легендарни модели.

Меѓу ретките музејски примероци, во Куќата на алфа ромео се најдоа и моделите

6C 1750 Gran Sport од 1930 година,

Спортската Giulia TZ2 од 1965 година

33 TT 12 од 1975

GP Tipo 159 “Alfetta.” Од 1951 година… и уште многу други музејски примероци.

Легендарните историски модели на Алфа, како на уметничка изложба, полека водеа до кулминацијата – сосема новиот супер спортски автомобил Alfa Romeo 33 Stradale.

Реклама