И компаниите во Европа ја заобиколија Tesla

81

Oткако Илон Маск, вкезе во новата Влада на Доналд Трамп, акциите на неговата компанија Tesla доживеа вистински потоп, а ништо подобри не беа и продажните резултати.

Брендот на електрични возила, во Европа, на пример, загуби 40% од својата продажба, а една од главните причини за тоа се должат на загубата на неколку флотни купувачи (фирми).

Фирмите, најчесто со своите возни паркови, изразуваат некаква порака до јавноста, се поистоветуваат со автомобилите што ги возат, но откако Маск излезе со исклучително контроверзните ставови, дел од европските компании целосно ги продадоа своите возила Tesla и престанаат да купуваат нови.

А ако ги загубите флотните купувачи, сериозно паѓа и вашата продажба.

Така на пример во Европа, ова го направија ланецот дрогерии – Rossmann, како и една данска компанија за градежништво – Tscherning.

Неодамна, беше најавено дека Маск, се повлекува од администрацијата на Трамп, но дали тоа ќе биде доволно за да ја врати моќта на својата компанија, останува да видиме…

Реклама