Рачните менувачи, полека но сигурно ја загубија битката од автоматските.
Во денешните, нови модели, трите папучи и рачниот менувач на брзини, главно остануваат во игра кај поефтините автомобили, моделите од пониски нивоа на опременост или за ентузијастите кои ги бираат токму нив.
Во Британија, луѓето од платформата Car Gurus пресметале дека во 2026 година се задржани само 67 модели кај кои сеуште се нуди рачен менувач, додека истата бројка пред десетина години изнесувала 197.

Една од причините поради која бележиме ваква промена во трендот, лежи и во тоа што возилата со автоматски менувачи полесно постигнуваат подобри перформанси при емисијата на издувни гасови, а ова е, особено во Европската Унија особено битен параметар, од кој зависи нивото на исполнувањето на законските норми.
Автоматските менувачи се стандардни кај голем број на SUV модели, електрични и хибридни возила и воопшто не можат да се добијат во варијанта со рачен менувач.
И покрај трендот, некои модели како што се Mazde MX-5 и Porsche 911 GT3, сеуште го чуваат мануелниот менувач во понудата за своите автомобили.







