Малиот Twingo оди во војска

156

Францускиот производител на автомобили Renault реши да се врати во воената индустрија и тоа со својот најмал член во семејството – Twingo.

Армискиот Твинго, во соработка со Arquus ќе биде креиран како мало воено возило без возач кое за прв пат ќе биде изложено на Саемот Eurosatory оваа година.

Ангажманот на Renault во воената индустрија доаѓа како одговор на отворениот повик на Претедателот Макрон, кој побара од својата индустрија да ги искористи своите можности и капацитети за засилување на безбедноста на државата.

Новото армиско возило ќе биде изведено на платформата на Twingo, ќе има повеќе карактеристики на патничко отколку на теренско возило, ќе ја користи елекетричната технологија имплементирана кај стандардните автомобили, како и бројните камери и сензори за геолокација и оперирање без возач.

Реклама