Porsche прави спектакуларен центар во Сингапур

112

Германскиот бренд од Вајзак, Германија, Porsche во светот, веќе има неколку искуствени центри во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Кина, Јапонија… На ред е центарот во Сингапур, во кој се подготвува вистински спектакуларен центар, со посебна тркачка стаза која минува низ централната зграда.

Најновиот центар во Сингапур се планира да ги отвори своите врати за фановите на Porsche во 2027 година.

Како и во другите, и во овој искуствен центар, посетителите ќе може да влезат во некој од моделите на Porsche, да се повозат под будното око и инструкции на професионални возачи.

Покрај тркачката патека, во центарот ќе има и посебна патека во која фановите ќе може безбедно, без опасност да се удрат во ѕидот и да дрифтаат, и да учат како најдобро да се избегнат критични ситуации во случај на пролизгување на тркалата.

Реклама