Jaпонскиот производител на автомобили HONDA, во Соединетите Американски Држави го лансиа новиот Passport, кој очигледно доживеа одличен фидбек на пазарот.

Американците се заљубија во новиот “коцкаст” дизајн на SUV-то и до крајот на септември 2025 година, разграбаа 41.450 примероци, со што ја зголемија продажбата на моделот за 78%.
Под хаубата на Хондиниот Passport, трепери 3.5 литарски V6 мотор.

Дополнителна предност на новиот Passport е и чистиот дизајн на ентериерот.














