Новиот Renault Twingo на струја

223

Најновата генерација на Renault Twingo, со електричен мотор и дизајн “позајмен” од традицијата на францускиот бренд, ќе биде официјално промовиран на 06 Ноември оваа година.

Новиот Twingo E-Tech ќе чини околу 20.000 евра и ќе биде позициониран под Clio и Renault 5 E-Tech.

Дополнително, новиот Twingo E-Tech беше изведен во речиси рекордни 100 недели, или нешто помалку од две години, и со тоа, на пазарот ќе се појави пред својот долго најавуван конкурент од Волфсбург – ID.Every1.

Според тизер фотографиите, можеме да видиме дека за разлика од историскиот Twingo, кој за прв пат се појави во 1990 година и имаше две врати, новиот електричен Twingo ќе има четири врати.

Дополнително, многумина сметаат дека малиот Renault ќе има предност пред VW ID. Every1, затоа што е направен во симпатичен, ретро дизајн, додека конкурентот од Volkswagen има изразито модерен, футуристички изглед.

Реклама