Колку е сериозна Групацијата Стелантис во развојот на Кинескиот бренд Leapmotor во Европа, се потврди уште еднаш преку одлуката да се отвори специјален Центар за иновации на брендот во Минхен.
Оваа одлука доаѓа непосредно откако беше објавено дека Стелантис ќе му ја стави на располагање на Leapmotor и фабриката за производство на автомобили во Сарагоса, Шпанија со што ќе се избегнат високите царински оптоварувања за автомобилите кои досега се увезуваа директно од Кина.
Центарот за иновации во Минхен, е првиот Leapmotor центар надвор од Кина и во него ќе се развиваат најзначајните дизајнерски правци во брендот, со цел да се одговори на желбите, потребите и афинитетите на европските возачи.







