По оваа бизарна сообраќајка, нема потешко повредени

167

Во бизарна сообраќајна незгода која се случила во Сиетл, возачот на ова воено возило ја загубил контролата, ја скршил банкината и се забил во ѕид, непосредно пред почетокот на тунел.

Она што е најинтересно е дека војниците кои биле присутни во возилото за време на несреќата, поминале само со минорни повреди, што само го потврдува нивото на безбедност кое овие армиски возила ги поседуваат.

Причините поради кои возачот ја изгубил контролата, допрва ќе се истражуваат.

Реклама