Nissan e пред финансиски колапс. Отпушта 20.000 работници!

100

На почетокот од годинава, како резултат на катастрофалните продажни резултати во Јапонскиот гигант беше најавено дека ќе бидат отпуштени 9.000 работници и ќе бидат затворени неколку фабрики. Но, откако во компанијата ги направија своите пресметки, информираа дека оваа бројка мора да се зголеми за најмалку уште 10.000 работници.

Ако овие планови се реализираат, со околу 20.000 отпуштања, Nissan дефакто, ќе отпушти 15% од вкупната работна сила.

Овие очајнички мерки, доаѓаат како резултат на рекордната загуба која беше прокнижена во последната фискална година, а која се движи околу 5 милијарди долари!

Овој Март, од позицијата CEO (генерален директор) се повлече Макото Учида, по неуспешите преговори со Honda, во кои се бараше стратешки партнер кој може да ја спаси компанијата од пропаст.

Карлос Гносн

Претходниот претседател на Renault-Nissan, Kaрлос Гносн, во 2019 година избега од Јапонија, откако по него беше распишан налог за апсење, се огласи во јавноста и изјави дека воопшто не е изненаден од ситуацијата.

Во негов стил, тој изјави дека уште тогаш предупредувал на ваков исход, како и на тоа дека коалицијата со Renault ќе пропадне, само е прашање на време.

Според него, причината за пропаста на Nissan треба да се бара само во неговите наследници на менаџерската позиција, кои биле премногу спори и инертни во носењето одлуки, а кога работата вече ескалирала тие помош, очајнички побарале кај нивниот конкурент Honda, што самото по себе нема смисла. Тоа би било исто како да барате сојузништво помеѓу Renault и Peugeot во Франција. Нема никаква логика.

Реклама