Јапонскиот производител на автомобили Mitsubishi, кој беше во некаков благ “зимски сон” се разбуди и ја послуша јавноста, најавувајќи враќање на својот најпопуларен модел – SUV моделот Pajero.

Според најавите на Кеисуке Кешиора, Претседателот и COO на Мицубиши, Pajero ќе се врати како вистински знаменосец во понудата, но не само како ден модел туку како цела серија на SUV модели кои ќе ја носта значката Pajero.
Освен SUV возилата, Паџеро ќе го краси и новиот компактен кросовер и основниот модел во кеи класата (класата на јапонски мини автомобли).

Дополнително компанијата најави лансирање на 13 нови модели, во периодот од 2026 до 2031 година, од кои дури 5 ќе бидат плаг-ин хибриди и 5 хибриди.













