Toyota промовира нова услуга за полнење дома

46

Јапонскиот производител на автомобили Toyota, во соседна Грција, промовира нова услуга под името Toyota HomeCharge, специјален систем за полнење на батериите кај електричните и плаг-ин хибриди.

Услугата опфаќа бесплатни проверки, сертифицирана инсталација на полначите и комплетно управување на процесот преку апликацијата MyToyota app, со што преку мобилниот телефон сопствениците ќе може да го контролираат статусот на батеријата, историјата и времето на полнење.

Со секоја порачка на нов електричен или плаг-ин хибриден модел, клиентите добиваат бесплатна проверка на мрежата на лице место, како и предлог за монтажа на нови домашни полначи, за кои локалната компанија нуди 3 години гаранција, а ориентационата цена за монтажа на домашен полнач се движи околу 650 евра.

Ова е секако одлична комплементарна услуга за сите потенцијални клиенти на Toyota, па и на сите останати брендови на нови енергетски возила, со што дефинитивно ќе се обезбеди дополнителна доверба на возачите во овој вид на возила.

Реклама