Италијанската полиција се почести со уште едно Ламборгини

61

Италијанската државна полиција, доби уште едно, сосема ново, супер возило.

Се работи за Lamborghini Temerario Polizia со плаг ин хибриден мотор, комбинација на 4.0 литарски твин-турбо V8 мотор, три електрични мотори и осум степен менувач со двојна спојка.

Овој ѕвер на тркала развива вкупна моќност од 907 коњски сили со вртежен момент од 730 Nm.

Доволни за развивање на брзина од 0-100 km/h за само 2,7 секунди и максимална брзина од 343 km/h!

Автомобилот е наменет главно за пренос на органи за трансплантација, особено кога истите се итно потребни за спасување на живот.

Во својата флота Италијанската флота веќе има 6 Ламборгини модели – Gallardo LP 560-4, Huracán и Urus Performante, a сега го добива и сосема новиот Темерарио.

На свеченото предавање присуствуваше лично, генералниот директор на Ламоргини, Стефан Винкелман.

Не е баш здодевно да работите во Италијанската државна полиција, нели?

Реклама