Паднаа првите затворски пресуди за аферата Дизелгејт

104

Речиси десет години откако во Америка се разоткри аферата – Дизелгејт, во која Германсkиот производител на автомобили – VW ги лажирал тестовите за емисија на штетни гасови кај своите возила, паднаа првите четири затворски казни за високи менаџери од тоа време.

Првиот на листата кој треба да отслужи затворска казна од четири ипол години е шефот на одделението за развој на дизел мотори.

Шефот на возни електроники, доби казна од две години и седум месеци.

Уште двајца високи функционери и членови на одбори во Volkswagen се осудени како виновни за измама, но за своето дело добија условни казни,првиот една година и тримесеци, а вториот – една година и десет месеци.

Oбвинетите, сосема очекувано сметаат и се изјаснуваат дека се осудени како жртвени јагниња, додека вистинските и најодговорните лица во скандалот остануваат на слобода.

Што беше всушност, Аферата Дизелгејт?

Аферата Дизелгејт која се расплетка во САД, сериозно го потресе Volkswagen и целиот авто бизнис, а во неа беше утврдено дека експертите на VW направиле намерно софтвер, кој во лабораториски услови (при мерење на технички преглед) емитира помалку штетни издувни гасови. Штом возилото ќе се најде во нормални оперативни услови, емисијата била многу поголема од декларираната.

Оваа ‘измама” го чинеше VW милијарди евра, што од казните на државните органи и институции, што преку приватни тужби покренати од илјадници клиенти кои и самите се почувствувале измамени од лажно декларираната емисија.

Што се случи со Винтеркорн?

Во целиот овој процес клучна фигура беше тогашниот генерален директор, харизматичниот Мартин Винтеркорн, кој во Септември 2015 година, откако беше разоткриена аферата, излезе во јавноста, ја призна вината, се извини и изјави дека Volkswagen ќе се искупи за своите дела.

Но само ден потоа, тој ја поднесе својата неотповиклива оставка.

Фото – By Volkswagen AG – http://www.mynewsdesk.com/se/volkswagen/images/martin-winterkorn-koncernchef-volkswagen-ag-449927, CC BY 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=42010834

Во меѓувреме, судски процес беше започнат и против него, но ниту во еден момент не седна на обвинитената клупа, наводно од здравствени причини.

Откако започна судската постапка во Германија, Винтеркорн неколкупати се појавиуваше на судењето, главно како сведок, и во сите настапи тој најтврдо ја негираше својата замешаност во скандалот.

Реклама