Пикап на струја за 26.000 евра!

84

Отворените пикап камионети се особено атрактивно превозно средство во Соединетите Американски Држави, каде особено се цени нивната повеќефункционалност.

Можете да ги возите секој ден, но со нив и да пренесете, превезете и транспортирате сериозен товар, алат, опрема…и најчесто да ги користите на патеки надвор од асфалтот.

И овој пикап ни доаѓа од Америка. Брендот се вика Slate, и сосема логично треба да има електричен мотор со моќност од 201 коњска сила.

Вестите велат дека овој пикап е во завршна фаза, а цената од 26.000 евра сеуште не е официјално објавена туку е ставена позадински на интернет, скриена, како што велат, за оние кои умеат да ја најдат.

Но, шпекулациите велат дека цената е намерно оставена како траг и како тизер со кој треба да се испита мислењето на јавноста, дали со 26.000 евра, ќе пројде на Американскиот пазар, електричен пикап од овој тип.

За да може да се понуди оваа цена, логично е на отприлика се’ да се штеди во развој на возилото. Па така, на пример, наместо големи екрани чувствителни на допир, во ентериерот ќе бидат поставени држачи за екстерни таблет и мобилен уред.

Во компанијата велат дека пикапот ќе има можност за избор на две батерии, од кои првата нуди автономија од 240 километри, а втората од 286 километри со едно полнење.

Погонот ќе биде на задните тркала, а полнењето од 20 до 80% на батеријата ќе се прави на брз полнач за околу 30 минути.

Би го возеле?

Реклама