Пад на профитабилноста на Volkswagen

67

По сумирање на резултатите од првиот квартал во 2026 година, Volkswagen ги објави своите првични резултати, кои во најмала рака, не се добри.

На групациско ниво, брендот оствари вкупен промет од 75,7 милијарди евра што претставува пад од 2,5% во споредба со истиот период минатата година.

Но профитабилноста бележи поголем пад, од 2,9 милијарди во 2025 година, на 2,5 милијарди евра во првиот квартал од 2026 година (пад од 14%), a нето профитот пред оданочување падна за 28%.

Како главни фактори за овие бројки се наведува сериозниот пад на продажбата на автомобили во Кина (за 20%) и падот во Соединетите Американски држави за 9%, главно како резултат на наметнатите царини.

Силен квартал за VW Brand Core

Позитивните елементи од билансите во првиот квартал се однесуваат на резултати од т.н. Brand Core (во кој влегуваат брендовите Volkswagen, Skoda, Seat). Во оваа срцевина на Групацијата се остварени пораст на порачките за 15%, но и пораст на оперативната добивка на 1,5 милијарди евра, што е за околу 38% подобро од истиот период лани (1,1 милијарди евра).

Во т.н. Progressive group, во која се вбројуваат Audi, Bentley, Lamborghini и Ducati, прометот бележи мал пад, но профитабилноста остварува мал пораст.

Најлоши перформанси повторно прокнижи Porsche со пад на профитабилноста од 22%

Реклама