Ферари му додаде уште повеќе спортски шмек на Purosangue

62

За својот спортски кросовер Purosangue, Италијанскиот супербренд Ферари подготви нов, Handling Speciale пакет, со кој моделот станува уште поатрактивен и поспортски.

Со овој пакет, Purosangue добива повеќе прецизност и директност во возењето и држењето на патот, што е особено важно за еден автомобил кој тежи 2 тона.

Направени се промени и во менувачот, особено додека возилото е во Race mode, кога се обезбедува полесно и попрецизно менување брзини.

Промена е направена и во звукот, а природно аспирираниот 6,5 литарски V12 мотор со моќност од 725 коњски сили, се слуша и чувствува повпечатливо и при старт-ап и за време на забрзувањето.

Оваа специјална верзија во Италија ќе се нуди и продава за околу 430.000 евра.

Реклама