Oвој Monster Truck постигна нов светски рекорд!

26

На патеката во Индианаполис, овој Monster Truck успеа да го сруши светскиот рекорд и оствари максимална брзина од 165.7 km/h.

Станува збор за чудовишниот камионет – Power Rush, направен од FELD Motorsports, очигледно и специјално направен за оваа прилика, кој го возеше Камден Марфи.

Со тоа, Power Rush го надмина дотогашниот рекорд од 163,8 km/h од 2022 година.

Инаку, Чудовишните камионети се огромни возила со висина од 3,2 метри, широчина од речиси 4 метри и тежина над 5 тони.

Под хаубата се кријат V8 мотори со околу 1.500 коњски сили, и работат на метанол.

Овие камиони, поради својата димензија и тежина, не смеат да се управуваат на пат, а и да можат има уште една пречка – трошат 11,4 литри метанол – на една минута!

Реклама