Еве го! Првиот електричен Ferrari!

970

Легендарната Италијанска компанија од Маранело, Ferrari, конечно и го претстави на јавноста својот прв автомобил на струја, кој го носи името Luce (во превод – Светлина).

Новиот супер спортски автомобил ќе носи специјална платформа со четири електрични мотори кои се силно интергрирани меѓусебно.

Моделот, како што веќе пишувавме, е дизајниран од страна на култните Сир Џони Ајв и Марк Њусон, креативниот колектив од LoveFrom.

Формата на Луче е дефинирана како стаклената куќа, во форма на школка. Со лебдечка предница и задни аеродинамични крила кои испорачуваат аеродинамика и перформанси.

Во ентериерот се совршено искомбинирани физичките и дигитални контроли, со атрактивни механички копчиња и прекинувачи со одлична прегледност на дигиталните информации.

За првиот електричен Ferrari ќе можете да прочитате и слушнете повеќе на нашата веб страна и на нашата емисија – Темпо Магазин.

Реклама