Перверзните плати и бонуси на директорите од индустријата

2347

Што се случува на оние состаноци зад затворени врати во големите авто индустриски џинови, можеме само да претпоставиме или прочитаме во нечии книги и мемоари.

Но она што навистина не остава без зборови, е перверзноста на компензациите кои им се исплаќаат на менаџерите (Chief Executive Officers), особено во Соединетите Американски Држави.

За оваа нелогичност, веќе пишувавме во постот за Џим Фарли, директорот на FORD, кој за минатата година заработи 27,5 милиони долари.

Oваа вест можеби немаше да биде необична, ако суровата реалност во билансите за успех од минатата година, не покажуваше рекордна нето загуба за FORD од 8,2 милијарди долари! Повеќе прочитајте на следниот пост.

Сега дознаваме дека и “челичната леди” на General Motors, Мери Бара, која е на кормилото на GM веќе 12 години и која заработила вкупни 29,9 милиони долари, во годината кога GM како резултат на отписите кои се прават поради преамбициозниот план за електрификација на автомобилите, доби финансиски удар од околу 7 милијарди долари!

За GM е интересен и податокот, дека Бара не е најплатениот менаџер во компанијата.

Далеку на првото место се наоѓа Стерлинг Андерсон, менаџерот за продукти (chief product officer) кој зарабоил 40,3 милиони долари, главно како резултат на научно фантастичниот договор за компензација кој GM го потпишал со него за да премине од Aurora Innovation, старт ап компанија за самовозечка технологија, каде бил коосновач.

На оваа листа, подеднакво шокантен е случајот и со Антонио Филоса, директорот на Stellantis кој заработи “скромни” 6,37 милиони долари, но… да не заборавиме… Ова се случува во година во која Групацијата прикажа загуба од неверојатни 22,3 милијарди евра!

Интересно… нели?

Реклама