Како вештачката интелигенција му помага на рент-а-кар џинот Hertz?

87

Џиновската рент-а-кар компанија Hertz, која располага со околу половина милион возила во светот, најде начин како прецизно да утврди дали клиентите за време на изнајмувањето на возило од нивната флота, направиле некакво оштетување на истото.

За таа цел, Херц се здружи со компанијата UVeye, и на неколку аеродроми во Соединетите Американски Држави, веќе постави специјални системи кои комплетно го скенираат возилото при превземање и при враќање во базата.

Овие системи базирани на вештачката интелигенција, преку систем на повеќе камери, направени и анализирани фотографии, констатираат секаков вид на оштетување на каросеријата, стаклата, гумите или подвозјето.

Како изгледа оваа проверка погледнете во следното видео :

Овој систем целосно треба да ја замени физичката проверка на возилата, со што би се заштедило многу време, енергија и пари.

Се разбира, овој систем, покрај сигнализирањето на техничкиот персонал во компанијата – кога нешто треба да се поправа или менува, веќе почна да се применува и при проверка на возилата кои се изнајмуваат на клиентите.

Ако при враќање на возилото, вештачката интелигенција и алгоритмите утврдат дека сте направиле некакво оштетување на возилото, логично, треба наведената штета да ја надоместите.

Во врска со оваа новост, веќе започнуваат да се јавуваат револтирани клиeнти кои критикуваат дека од нив било барано да надоместуваат штети кои не се видливи со око, што претставува, според нив тотална нефер пракса и начин да се собере дополнителен екстра профит.

Реклама