Компанијата Simpson Design од Вашингтон е одговорна за опасно добриот изглед на оваа кастомизирана Mazda Miata.

Шасијата и погонот доаѓаат од Мazda MX-5 Мiata од 2007 година, но речиси се’ останато е сменето и кастомизирано за да се добие овој супер спортски автомобил.
Предната хауба е издолжена, на предните крила има отвори за ладење (вентилирање), маската голема и широка, свeтлата вдлабнати.

Во целиот впечаток идеално се вклопува светло зелената боја, тврдиот покрев кој се повлекува и атрактивните тркала од 16 инчи.

Во ентериерот добивате уште еден напад на сите сетила. Седишта во беж боја на кожата, дрвени мотиви на таблата и централната конзола.

Дрвен волан со лого на Aston Martin на сирената.

Моторот е 2,0 литарски MZR мотор со моќност од 166 коњски сили (124 kW) и вртежен момент од 190 Nm, спарен со шест степен автоматски менувач, кој моќта ја испорачува на задните тркала.

Овој автомобил е веќе понуден на аукција со стартна цена од 23.500 долари во BaT (Bring a Trailer).







